Top
cokoladna-torta

Чоколадна торта без брашно

Чоколадната торта е непогрешлив избор кога сакате да ги задоволите вкусовите на повеќе луѓе, бидејќи ретко кој може да му одолее на чоколадното задоволство. Убавиот вкус и топливоста во уста се главни адути на овој рецепт за чија подготовка се потребни само 3 состојки.

Потребни состојки:
– 175g темно чоколадо
– 7 јајца
– 140g путер

Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 130 степени. Чоколадото искршете го на коцки и растопете го на пареа, а пред самиот крај додадете го и путерот кој претходно ќе го исецкате на парчиња. Жолчките одвојте ги од белките. Жолчките изматете ги пенесто и додадете го претходно стопеното и изладено чоколадо. Во друг сад изматете ги белките и лажица по лажица додавајте ги во претходно направената смеса, постепено мешајќи додека смесата не се соедини. Смесата истурете ја во калап обложен со хартија за печење и покријте со фолија за печење. Калапот ставете го во поголема тава за печење која ќе ја наполните со жешка вода на ниво до половина калап. Печете 25 минути, а потоа тортата оставете ја на собна температура и посипете ја со шеќер во прав. Можете да ускрасите со свежи јагоди или малини.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *