Авокадото е многу корисно за нашето здравје, па затоа треба да го внесеме во исхраната често. Овој десерт е идеален за оние кои внимаваат на килограмите.
Потребни состојки:
120g пире од јаболки
120g мед
1 лажичка ванила екстракт
3 јајца
50g кокосово брашно
1 големо авокадо (зрело)
40g какао
1 прашок за пециво
Подготовка:
Во голем сад измешајте ја содржината од авокадото, пирето од јаболка, медот и ванила екстрактот. Додадете ги јајцата едно по едно и матете со миксер додека смесата не стане хомогена. На крај додадете ги кокосовото брашно, какаото и прашокот за пециво. Промешајте добро и истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете го во веќе загреаната рерна 30 минути, на 180 степени. Оставете да се излади па исечете го на коцки.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!