Top
desert

Рецепт за едноставен и ефтин десерт

Подготовката на десерт обично подразбира правење список со намирници и купување на истите во маркет. Но, овој десерт содржи состојки кои речиси секогаш ги имаме во нашите домови.

Потребни состојки:
– 2 јајца
– 1 шолја шеќер
– 1 шолја мелени ореви
– 1 шолја гриз
– ½ шолја масло
– 2 лажици брашно
– 2 рендани јаболка
– 1 шолја млеко
– 1 ванилин шеќер
– 1 прашок за печиво
– 1 лажица какао

Подготовка:
Најпрво изматете ги јајцата и шеќерот, а откако смесата ќе се соедини додадете го и маслото. Измешајте ги гризот, оревите и јаболката и изматете ги заедно со првата смеса. Потоа, измешјате ги брашното, ванилиниот шеќер, какаото и прашокот за печиво, истурете ги во смесата, додадете го млекото и измешајте. Печете на температура од 180 степени. За дополнување на убавиот вкус, колачот наросете го со шеќер во прав или пак прелијте го со топено чоколадо за готвење.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>