Top
training

Зошто треба да пиете кафе пред тренинг?

Кофеинот делува на оној дел од мозокот кој е задолжен за замор и стимулира производство на енергија. На тој начин се зголемува издржливоста, но не треба да се претерува. Две шолји кафе пред тренинг ја зголемуваат издливоста за 30%. Освен што го буди и забрзува метаболзимот, кафето е одличен пијалок пред вежбање бидејќи ја намалува напнатоста и заморот. Кафето се препорачува саат време пред тренинг, со што вежбањето ќе биде поинтензивно, а самиот тренинг ќе трае подолго.

Една шолја кафе во просек содржи 100mg кофеин, а оптимално е да внесувате 3-4mg кофеин помножено со бројот на килограми. Така, човек со 60kg може да испие две шолји кафе пред тренинг. Тоа на телото ќе му даде дополнителна енергија и ќе овоможи да се вложи поголем напор.

Стручњаците предупредуваат дека кофеинот може да има и негативни последици врз огранизмот како што се несоница, главоболка, тегоби и висок крвен притисок. Затоа се препорачува да не се претерува.

Големиот внес на кофеин може да го зголеми нивото на хомоцистеинот во крвта кој се поврзува со мозочен и срцев удар, деменција и проблем со плодност. Кофеинот е непредвидлив, па затоа треба да пиете и голема количина вода, која ќе спречи дехидрација и претерано загревање на телото.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *