Top
Kafe-caj

Дали кафето и чајот прават хидратација на телото?

Хидриратацијата е една од клучните работи за целокупното здравје на телото, а пиењето вода е најдобриот начин за тоа.

Значи, ако кафето и чајот се прават со вода, можеме ли тоа да ги сметаме како дневна хидратација? Одговорот е – да. Имено, телото ќе апсорбира течности во вид на кафе или чај, но, без разлика на тоа, не смеете да ја исклучувате водата, особено кога тренирате или сте болни и губите многу течности.

Дали кафето и чајот влијаат на хидратацијата на телото?
Шолја кафе не дава иста хидратација како иста количина вода, но без разлика, може да се вброи како дневен внес на течности. Бидејќи кафето е природен диуретик и стимуланс на мочниот меур и содржи кофеин, многу луѓе веруваат дека тоа е дехидратор на телото. Меѓутоа, ако не пиеме литри кафе или чај дневно, тоа нема да се случи. Експертите советуваат да пиеме и до две шолји кафе дневно, со вода. Хидратацијата со кафе сигурно ќе биде помала отколку со чиста вода, но и внесот на течности е важен.

И чајот содржи кофеин, но во многу помала мера од кафето. Ако испиете шолја чај се брои како да сте испиле ¾ шолја вода, додека со билните чаеви тоа е друг случај. Бидејќи тие не содржат кофеин – тие се еквивалентни на вода.

Кога зборуваме за различни видови кафе и чаеви со вкус, црното кафе или чајот нема да бидат толку хидратантни како лате (една шолја е еквивалентна на половина чаша вода или кој било алтернативен дериват на кафе и чај).

Иако млекото не се смета за добар извор на хидратација, докажано е дека го рехидрира телото после тренинг, па дури и подобро од некои спортски пијалоци. Се разбира, важно е пијалоците лате да останат без шеќер, бидејќи пијалоците со шеќер може да доведат до дехидрација пред пијалоците без шеќер.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>