Top
ocii

Што говори за вас бојата на вашите очи?

Бојата на очите е нешто што најчесто го наследуваме од нашите родители. Освен што го краси погледот, таа открива многу и за нашиот карактер. Особините за кои ќе прочитате во продолжение се она што најдобро ја опишува бојата на очите.

КАФЕАВИ ОЧИ
Најчестата боја на очи во светот е токму кафеавата. Овие луѓе се самоуверени и интересни. Станува збор за силна боја која се поврзува со земјата и опишува едноставност, креативност и позитивност. Ваквите луѓе се незвисни и љубезни и сакаат да создаваат нови пријателства. Сакаат и да испробуваат нови нешта во животот. Одлучни се и самоуверени, понекогаш имаат проблем со разбирањето на другите и испитувањето на своите чувства. Тие се одлични љубовници и партнер и во нив можете да имате потполна доверба.

ОЧИ СО БОЈА НА ЛЕШНИК
Бојата на лешник, која претставува комбинација на кафеавата и зелената боја едноставно мами воздишки. Елеганција е зборот кој најдобро ги опишува очите со оваа боја. Станува збор за спонтани забавни луѓе, со авантуристички дух. Тие се прилагодливи и храбри, сакаат разновидност, а монотонијата е нивни ноќен кошмар. Сакаат да пробуваат нови нешта. Што се однесува до љубовта, сензуални се, а го избираат само оној „вистнскиот“.

ЗЕЛЕНИ ОЧИ
Зелените очи секогаш изгледаат свежо и заводливо. Луѓето кои ја имаат оваа боја на очи се мистериозни и интргантни, ги опишува интелигенција и снаодливост и обожаваат да пробуваат нови нешта. Максимално уживаат во животот, страствено се препуштаат на работата која ги исполнува и полни се со енергија.

СИНИ ОЧИ
Има нешто многу моќно кај сините очи, нешто што привлекува како магнет. За луѓето кои имаат сини очи се вели дека се најпосакувани во светот. Тие се паметни, срдечни и полни со младост и живот. Уживаат во љубовта и најчесто имаат долги врски на кои им се комплетно посветени. Имаат желба и потреба да ги усреќат луѓето кои најмногу ги сакаат. Обрнуваат внимание на ситници, а знаат да бидат и многу критички настроени.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>