Секој од нас сака да слушне комплименти и убави зборови за тоа колку добро ни стојат новите фармерки, фустан или високите потпетици. Но, пред сите тие пофалби, жените особено обожаваат еден комплимент.
Едно британско истражување покажало дека дури 60% од жените сакаат да слушнат дека изгледаат млади и тоа е комплимент кој најмногу ќе ја зголеми нивната самодоверба. Тие го сакаат овој комплимент дури и повеќе од оној дека ослабнале или дека новите фармерки им стојат совршено.
Истражувањето покажало дека 41% од испитаниците имале желба да бидат помлади, додека 62% од нив активно работат на успорување на процесот на стареење користејќи разни природни и козметички препарати. Истото истражување покажало дека жените кои имале 39 години и неколку месеци, чувствувале најголем стрес поради стареењето, бидејќи се ближи нивниот 40-ти роденден. Наспроти тоа, најголема самодоверба со својот изглед имаат жените кои имаат полни 55 години.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!