Top
Exhausted businessman holding a telephone tube

Работата го уништува љубовниот живот

Жените сакаат успешни мажи, но амбициите во врска со кариерата можат секоја врска да ја доведат во големи искушенија. Жените сакаат ситуирани и успешни мажи, но некогаш кариерата може да стави крај на врската.

– Постојаното кукање за обемот на работа која ја имате или за проблемите на работното место може да ја доведе вашата партнерка во искушение да ве остави. Наместо тоа, мислите нека ви одлутаат кон други теми кога ќе излезете од канцеларијата.
– Напорното работење и предолгото работно време со прекувремени часови работа ќе ги направи излегувањата невозможни, затоа што само ќе сакате да се наспиете. Сепак, без оглед дали со девојката сте во врска еден месец или во брак десет години, морате да најдете време, вашата сакана од време на време да ја изведете на вечера или забава. Ова е начин да се разонодите, растеретите од напорот и одморите.
– Ако девојката ја обожава вашата спонтаност, како на пример изненадни одлуки да отпатувате некаде за викенд или да направите нешто лудо, тогаш сигурно ќе и пречи доколку со време создадете потреба се да организирате и контролирате, како што правите во канцеларија.
– Воопшто нема да и се допаѓа постојано да гледате во телефон, да ги проверувате пристигнатите мејлови и да се јавувате на шефот дури и кога сте заедно во креветот.
– Стресот на работа е еден од најчестите причинители на проблемите со ерекцијата и недостатокот на сексуална желба, додека недостатокот на сон влијае на умор.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>