Top
visoki stikli

Што е најсекси за мажите?

Кога станува збор за најнеодоливото нешто во машките очи, тоа не е ниту секси фустан, ниту длабоко деколте. Група француски научници спровеле истражување чии резултати покажуваат дека мажите исклучително секси ги сметаат жените кои носат високи потпетици.

Во ова истражување биле направени 4 експерименти:

  • Во првиот учествувале 90 мажи. Во овој експеримент биле анализирани нивните одговори откако девојка со високи потпетици, а потоа во рамни чевли, побарала да потполнат анкета за еднаквост на половите.

  • Во вториот експеримент учествувале 360 луѓе (180 жени и 180 мажи). 2 жени во високи потпетици и 2 жени во рамни чевли, барале од учесниците да одговорат на прашања за нивните прехрамбени навики.

  • Во третиот експеримент, била проучена подготвеноста на 180 мажи и 180 жени да ѝ помогнат на жена која испуштила ракавица на подот. И во овој експеримент жената прво била во високи потпетици, а потоа во рамни чевли.

  • Четвртиот експеримент бил спроведен во бар каде што следено однесувањето на 36 момчиња кон жените во високи потпетици и кон оние кои носеле рамни чевли.

Резултатите од првите три експерименти, покажуваат дека мажите биле подготвени да ѝ помогнат на жената која носела високи потпетици, отколку на онаа која била во рамни чевли. Резултатите од четвртиот експеримент покажуваат дека мажите во барот побрзо им пристапиле на жените кои носеле високи потпетици.

Според психолозите причината е таа што жените кои носат чевли со високи потпетици одат поженствено и кај нив нишањето со колковите е поизразено. Чевлите со високи потпетици имаат моќ да го истакнат она поради кое женското одење е специфично и секси. Ги нагласуваат сексуалноста и женственоста на фигурата, а тоа поттикнува сексуална возбуда кај мажите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>