Top
zeni-vs-mazi

Нешта во кои жените се подобри од мажите

Голем број студии покажуваат дека жените имаат многу подобри способности од мажите во повеќе сфери во животот.

УЧЕЊЕ
Жените имаат подобар пристап кон учењето. Резултатите од студија спроведена на универзитетите во Џорџија и Колумбија покажуваат дека жените се повнимателни, поорганизирани и пофлексибилни кога станува збор за учењето, а кога станува збор за работа многу подобро ги разбираат зададените задачи за разлика од нивните колеги од посилниот пол.

ПОГОЛЕМ IQ
Жените имаат поголем IQ од мажите, а тоа го открива истражувачот Џејмс Флин. Имено тој ја тестирал интелигенцијата на луѓе во Европа, Канада, САД, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија и открил дека испитаниците кои имаат највисок IQ се жени.

ПОДОБРА ХИГИЕНА
Студија спроведена во просториите на Универзитетот во Сан Диего покажува дека работните простории на мажите имаат 15-20% повеќе бактерии отколку оние на жените. Истражувачите, причината за тоа ја бараат во послабата лична хигиена на мажите за разлика од онаа на жените.

ПОДОБРО ПОМИНУВААТ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА
Истражување спроведено на Унивезритетот во Онтарио покажува дека жените иако се понервозни пред интервјуто, сепак многу подобро се справуваат со него отколку мажите. Тие вообичаено, многу подобро се подготвени за одредени прашања.

ПОУСПЕШНО НАОЃААТ УТЕХА
Жените многу повеќе сакаат да зборуваат за своите проблеми за разлика од мажите и токму затоа полесно и поуспешно наоѓаат утеха, но и решенија. 53% од жените разговараат со своите пријатели за проблемите кои ги имаат, а од мажите тоа го прават само 29%.

ПОЗДРАВО СЕ ХРАНАТ 
Жените претпочитаат многу поздрава храна отколку мажите. Истражување спроведено од Универзитетот во Минесота, на повеќе од 14000 луѓе, покажува дека мажите повеќе преферираат пица и црвено месо, а жените зеленчук и овошје.

ИМААТ ПОСИЛЕН ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ
Жените имаат посилно оружје кога станува збор за борба против инфекции, а тоа е естрогенот кој содржи ензим кој ги спречува вирусите.

ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Жените најчесто живеат 5-10 години повеќе од мажите. Во светски рамки, од луѓето кои имаат над 100 години, 85% се жени.

ЖЕНИТЕ СЕ ПОДОБРИ МЕНАЏЕРИ
Жените се подобри ментори, способни се да сослушаат, подобро ги решаваат проблемите и умеат да се справат со повеќе работни задачи во исто време. Специјалистот за менаџмент Џеј Форте вели дека со оглед на тоа што економијата е ориентирана кон услугите, потребни се мотивирани работници, а жените се многу повешти од мажите кога станува збор за стимулација на своите вработени.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>