Мајките би го направиле и невозможното за да ги видат своите малечки насмеани. Од таа насмевка, не само што бебето ќе биде добро расположено туку и мајката. Научниците велат дека детската насмевка има позитивно влијание врз организмот на мајката.
Италијански имунолози преку серија на истражувања и набљудувања утврдиле дека кога бебето се смее, кај мајката се активира мозочниот дел за уживање, а со самото тоа се намалува стресот во организмот и се подобрува имунолошкиот систем. Истражувањето кое било спроведено на неколку илјади мајки и бебиња потврдило дека оние бебиња кои често се смеат прават нивните мајки поретко да се разболуваат од инфекции на организмот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!