Резултатите од истражувањата спроведени на американскиот универзитет “Wheeling Jesuit” покажале дека мирисот на нане може да го измами чувството на глад. Во истражувањето биле вклучени неколку волонтери кои го вдишувале мирисот на нането на секои два часа, во период од пет дена. Тоа довело до значително намалување на чувството на глад, а внеле 3500 калории помалку во текот на таа седмица.
Поранешните истражувања од овој тип, кои биле направени на спортисти, резултирале со пораст на енергијата во извршувањето на нивните активности после вдишување на мирис на нане.
Tокму поради резултатите од овие истражувања, стручњаците советуваат да вдишувате етерично масло од нане преку инхалација. Освен тоа, за намалување на апетитот, може да консумирате и чај од нане.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!