Top

Никола Ристановски во Хрватската “Господа Глембаеви“

После повеќе од 40 години, на 04.02.2011 во Белград е изведено едно од најпознатите дела на Мирослав Крлежа „Господа Глембаеви“, и веднаш е прогласено за социјален настан на годината. Претставата била посетена од бројни културни и општествени елити во Србија и соседните држави од поранешните Ју простори. Преставата е под режисерска палка на Јагош Марковиќ, улогата на бароницата Кастели ја игра Аница Добра, а најсложената машка улога, баронот Даниели ја игра шампионот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски.

Иако била поставена во центарот на Белград, во Ателје 212, сепак претставата била изведена на Хрватски јазик, како што била напишана. „Господа Глембаеви“ е едно од најпознатите и најиграните драмски дела од великанот на хрватската модерна книжевност Мирослав Крлежа, во кое тој безмилосно ги разработува лажната слава, богаството и сите илузии кои ги создаваат парите. Поддршка со присуство на премиерата, Ристановски добил од своите колеги Дејан Лилиќ, Катерина Коцевска и Бранко Ѓорчев. Едно големо БРАВО за Ристановски!

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *