Top

Димитар Атанасовски: Опиен од магијата на медиумите

Димитар Атанасовски е навистина онаков каков што се опишува самиот – ведар, насмеан, позитивен. Опуштен е, отворен, разговорлив, супер соговорник со кого можеш да си направиш муабет за сè и сешто. Веќе неколку години е дел од светот на медиумите, и толку е “навлечен” на оваа работа, што не би ја менувал за ништо.



Кој те вовлече во светот на медиумите?
“Ова ме враќа на 18-годишна возраст, а како да било пред 100 години. Сосема случајно, пријателка на чичко ми којашто работи во МТВ ми кажа дека има аудиција за млади и нови водители во нашата национална телевизија. Јас бев голем противник да се појавам на таква аудиција зашто мислев дека водителството и медиумнот не се нешто што би сакал да го работам. Аудицијата беше закажана во петок во 12 часот, а јас тој петок во 11.30 полагав испит на факултет. А таму ми го одложија испитот за неколку дена. Дали се поклопиле коцките не знам, ама си реков да си ја пробам среќата, па отидоив на аудицијата. Ме застанаа пред камера, ми рекоа да им кажам кој сум, што сум, што правам, си кажав, и во понеделникот ми се јавија да ми кажат дека имаат емисија за мене. Да не беше пријателката на чичко ми, сега можеби немаше да бидам водител”.

Што има поголема магија, телевизијата или радиото?
“И во двете има многу голема магија, неспоредливо е едното со другото. Пред некој ден разговаравме за тоа во радио, зашто поголемиот дел од колегите исто така работат и во телевизија. Јас телевизијата не би ја сменил за ништо на светот, зашто таму сум почнал и магијата што ја доживувам таму не можам да ја доживеам во радио. Двете имаат различна магија која не може да се споредува, ама двете ме исполнуваат”.

Со кого би сакал да направиш интервју?
“Мислам дека со сите што сум сакал да направам интервју сум направил. Актерите се секогаш најинтересни соговорници, ама најголем впечаток ми остави амбасадорот Рикер, зашто јас си ги замислував амбасадорите како ладни суштества кои не знаат да зборуваат за ништо друго освен за политика, а Рикер ми го докажа спротивното. За Денот на благодарноста бевме поканети во неговиот дом за да видиме како го слави Македонија американскиот празник. Бевме јас и Марко со амбасадорот и неговата сопруга, и толку убав муабет си направивме, мислам со некој од нашите политичари да го правевме интервјуто, немаше да излезе така”.

Димитар вели дека токму во М2 се перонашол себеси, зашто работи со млади луѓе коишто сакаат да успеат, кои се “необработени” и треба да се работи на нив за да се изградат во музички ѕвезди.
“Добрата работа е што зад нив се М2 и Томато продукција зашто искуството покажува дека сите што соработувале со нив до сега, направиле нешто на оваа наша естрада, колку и да ни изгледа штура или самонаречена. Стекнувам нови искуства зашто никогаш не сум работел на ваква потрага по ѕвезди, а емисијата е од таков тип што е полна со неизвесност – кој како ќе испее, кој ќе продолжи, што ќе коментира жирито… тоа ме исполнува и прави да сум полн со елан и ентузијазам”.

Во неговата ТВ биографија, покрај емисиите “Ефект” и “Тротоар” е и работата во К-15 телевизија.
“По првата емисија имав мала пауза и продолжив во К15, кајшто имав прилично чудна емисија за нашиве простори, се викаше “Плачалник” и беше за љубовни проблеми. Јас на 19-20 години и не бев во состојба да давам совети, ама имав многу гости, јавни фаци, кои своето искуство им го кажуваа на гледачите. Луѓето од Томато ме забележале и “Тротоар” е емисијата што ја работев до сега”.

Каков е Димитар приватно?
“Мислам дека сум истиот зашто и претходно бев оптимист и ентузијаст. Можеби само повеќе дојде до израз мојата самодоверба, зашто работата во медиум влева самодоверба.”

Пријателите го викаат Диме, а од пред извесен период има и друг прекар – Пипер, од Диме Пиперката, ама тоа го знаат само блиските луѓе со кои поминува многу време. Тој е спортски тип. Tренирал фудбал во “Работнички” и во “Македонија ЃП”, но го скршил левиот скочен зглоб. Па кога требал да реши дали ќе остане во “трета македонска лига” или ќе студира, го одбрал правниот факултет. Омилен спорт му е фудбалот, а спортист Џиџи Буфон.

Брзи автомобили или мотори?
“Возам и едно и друго, ама адреналинот на мотор е поголем, а јас сакам адреналин”.

Димитар беше еден од десетте номинирани за “Таа НАЈмомче”…
“Не гласаа за мене, гласаа за Тони зашто има подобро тело. Ми беше пред некој ден гостин во радио и му реков “Како може тебе да те викнам кога си ми конкуренција, тебе те избраа за Најмомче”. А зошто гласаа? Најверојатно зашто сум ведар, оптимист, насмеан. Јас сум тој што сум и на тв и приватно”.

Интервјуто е преземено од TAA & TOJ.

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *