
Промоцијата која што ја организира матичната куќа на Лозано, План Б Продукција, ќе започне во 21 часот, а на истата сите присутни пријатели, колеги од естрадата, соработници и јавни личности ќе можат да ги преслушаат 11-те песни од новиот албум.
“Долго го чекав денот кога повторно ќе ги видам сите мои пријатели и колеги на едно место, на настан исполнет со музиката која е создавана со огромна љубов и внимание, кога ќе го слушнат сето она кое го одбележуваше секој мој ден од изминативе две ипол години. Со нетрпение ја очекувам промоцијата на мојот нов албум и едвај чекам да ги слушнам реакциите на публиката за новите песни во него.” – изјавува Лозано.
Албумот содржи 11 композиции од кои седум се комплетно нови, досега нечуени, а за три од нив веќе видовме и спотови – “Како ден јасно е”, “Кога мене ќе ме немаш” и “Нема ден, нема ноќ”. Целиот албум е продуциран од Лазар Цветкоски во неговото студио ЛЦВ, а автори на песните се Лазар и Лозано. Како трекстописци се јавуват Магдалена Цветкоска, Раде Врчаковски – Врчак, Милан Миланов, Стефан Спироски, Ѓоко Тасевски и сестрата на Лозано, Марија Лозаноска која на промоцијата на “Преку седум мориња” ќе го промовира својот роман “Големото Л”.
iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!