Top

“Прометеј” во 3D кино Милениум

Филмот “Прометеј” во 3D својата премиера во Македонија ќе ја има денес, 08.06.2012 година, со почеток во 22:30 часот во градското кино “Милениум”. Претпремиерната изведба во 20 часот е откупена од FX ZX чија екипа работеше на овој филм.



Режија: Ридли Скот
Сценарио: Демон Линделоф, Џон Спејтс
Улоги: Нуми Репејс, Шарлиз Терон, Мајкл Фасбендер, Гај Пирс, Идрис Елба, Логан Маршал-Грин
Жанр: акција, хорор, научна фантастика
Земја на потекло: САД
Траење: 126 минути

Синопсис
Приказната е сместена во доцниот 21 век, и ги следи возбудливите доживувања на тим од научници кои со вселенскиот брод Прометеј ја истражуваат вонземската напредна цивилизација. Пронајдениот артефакт, кој им укажува дека Земјата и човекот имаат свои креатори, ги води на патување во потрага по потеклото на човештвото, по почетоците.

Возбудливото патување ги води до најтемните агли на универзумот. Она што тие не го очекуваат е сознанието за опасноста која се заканува да го уништи целото човештво. Во застрашувача битка, неверојатна војна на предизвици и издржливост, тие ќе се обидат да ја обезбедат иднината на човечката раса.

За филмот
Иако Ридли Скот одамна ги прифати новите филмски трикови и играчки, вклучувајќи ги и компјутерски генерираните слики, познато е дека верува во она што тој го нарекува “снимање на реалноста”. “Прометеј” претставува реткост во морето епски филмови кои се потпираат на компјутерски генерираните сцени. Станува збор за огромен научно-фантастичен свет во кој поголемиот дел до сценографијата, реквизитите и авантурите се реални. Тоа дава воодушевувачко чувство на опиплива реалност, во која секоја наредна сцена е повпечатлива од претходната. Еден член на екипата на филмот вака го опиша тоа: “Ридли го изгради најголемото игралиште за вонземјани на светот“.

Екипата на филмот искажува голема почит кон дизајнерот на сценографијата и неговиот тим уметници. “Тешко е да се објасни впечатокот кој го остава прошетката по една ваква сценографија. Тоа е многу инспиративно на повеќе нивоа. Се случуваат толку инстинктивни нешта додека снимате во реална сценографија. Сите се однесуваат поприродно бидејќи кога околу нас сè е толку реалистично, чувството е небаре сето тоа навистина се случува. Секој детал е заснован на реалниот свет, вистинските информации и логичните референци. Ако сакате да ги исплашите луѓето на подлабоко, емотивно ниво, тогаш морате да имате реалистични кулиси.

Филмот е сниман на пет локации на студиото Пајнвуд во В. Британија, вклучувајќи ја и најголемата студиска платформа во Европа од 59.000 м2, “платформата 007″. Снимањето започна во август 2010 година, иако прелиминарните работи започнаа многу порано. По петнаесет недели снимање во Британија, екипата се префрли на Исланд.

Ридли Скот, реномираниот филмски автор кој со филмовите “Осмиот патник” и “Блејд Ранер” го помогна зацврстувањето на жанрот НФ, во новиот филм “Прометеј” на гледачите им го пружа сето она што претставува негов заштитен знак: акција, возбуда, страв, и уште многу нешта.

“Прометеј” во целост е снимен со 3D камери, без потреба да минува низ конверзија во постпродукцијата.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>