Top

“Преку седум мориња” – нов албум на Влатко Лозаноски

Среда, 6-ти јуни, е денот кога сите оние кои со нетрпение го очекуваа долгонајавуваниот албум на ЛОЗАНО, ќе можат да се препуштат на уживањето во новото музичко издание на најдобриот машки вокал во Македонија. Второто дискографско остварување на Лозано е насловено “ПРЕКУ СЕДУМ МОРИЊА” и содржи 11 песни, меѓу кои се наоѓаат хитовите кои веќе и се познати на публиката “Летам кон тебе”, “Како ден јасно е”, радискиот хит за 2011-та “Кога мене ќе ме немаш” и “Нема ден, нема ноќ”.



Во новиот албум ќе слушнете песни од различни музички правци, но сепак во секоја од нив е задржан белегот на мојата интерпретација. Ќе слушнете балади, поп-рок песни, реге и хаус звуци и сите тие ја содржат енергијата која со мојот продуцент Лазар Цветкоски ја внесовме работејќи го албумот. Сакавме малку да експериментираме со музичките стилови, па токму затоа ќе слушнете и теми какви до сега не сум изведувал, а кои внесуваат свежина во целото издание. Верувам дека секој кој ќе ги слушне 11-те песни содржани во “Преку седум мориња”, ќе се пронајде барем во една од нив.” – изјавува Лозано.

Супервизор и главен музички продуцент на новото ЦД остварување е Лазар Цветкоски, а сите песни се снимени и мастеризирани во неговото студио ЛЦВ. Автори на песните се Влатко и Лазар, а како трекстописци се јавуват Магдалена Цветкоска, Раде Врчаковски – Врчак, Милан Миланов, Марија Лозаноска и други. Албумот го издава План Б Продукција, под чија закрила од неодамна се наоѓа Лозаноски.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>