
Претставата зборува за проблемот на осаменоста и апсурдноста на “најуспешните” луѓе од корпоративниот свет, на кои кариерата и успехот им се пред сè. Дејствието на претставата се одвива во главното седиште на една голема меѓународна корпорација во пораст, каде низ призма на три различни ситуации следиме приказна во која доминира борбата за моќ и успех, а во која често пати се замешани и сексуалните игри стимулирани од секојдневниот притисок.
Секоја ситуација е водена од двајца луѓе кои безмилосно се натпреваруваат за свои бизнис и приватни интереси. Водени од принципот за опстанок на посилниот, тие се бескрупулозни во битката кон врвот, притоа не приметувајќи дека ги довеле своите сопствени животи до бесцелност и безвредност. Иако имаат исти или слични судбини тие постојано се разидуваат поради инстинктот да се истуркаат до самиот врв на хиерархиската пирамида. Водени од компулсивната амбиција за успех во кариерата, секој од нив останува да тоне сам во својот очај.
Со оваа претстава продолжува тенденцијата на Wonderland Theatre, да обработува современи теми и да ги следи светските театарски трендови.
Претставата е направена без никаков буџет меѓутоа е сработена со огромен ентузијазам и желба за етаблирање на модерните театарски вредности. Во тој контекст, следејќи ја својата традиција на градење повисок степен на квалитетен професионализам, во Wonderland Theatre повторно ќе може да се видат сите глумци кои во моментов се во најголем подем и се во ек на нивната кариера и популарност.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!