Top

Здрава храна за здрави детски насмевки

По повод Светскиот ден на здравјето 7-ми април, компанијата за здрава храна Виталиа и Општина Гази Баба организираат акција за поттикнување и едукација на децата од основните училишта за важноста од здравата исхрана.



Под мотото “Здрава храна за здрави детски насмевки“, учениците од 11 основни училишта на територијата на Гази Баба своите размислувања за здравите навики во исхраната креативно ќе ги изразат во 3 категории: најдобра поетска творба, најдобра скулптура и најдобар рецепт за здрав оброк. Носечката инспирација на сите креативни дела ќе биде здравата храна и здравите состојки имплементирани во производите на Виталиа, при што учесниците за своите уметнички творби ќе ja користат еколошката амбалажа од палетата на Виталиа.

Едукацијата на најмладите за важноста на здравата храна врз нивниот понатамошен развој отсекогаш претставувала многу важен сегмент во работењето на Виталиа. Со оваа акција сакаме пред сè да ја подигнеме свесноста кај најмладата популација за создавање и практикување на здрави навики во исхраната, но и да дадеме подршка на Денот на здравјето како глобална иницијатава за градење на здрави поколенија.” – изјави Искра Ветаџокоска Муцунска.

Акцијата ќе заврши со голем хепенинг на 7-ми април на централниот плоштад во Автокоманда со богата програма и настап на ученици од училиштата. На настанот ќе се презентираат најдобрите поети, скулптори и готвачи, на кои ќе им бидат доделени награди.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>