Top

СУПЕР РАСПРОДАЖБА НА МАКЕДОНСКA MОДА

Со огромно задоволство тимот на iLike.mk Ве поканува на распродажбата на производи од македонските модни етикети Ludus Loves Fashion, Chic Undercowear, Eлена Спасовска, Vibrazioni од Александра Митковска како и накит од Капка дизајниран од Јана Ацевска.
Дводневниот настан ќе се одржи во барот Дамар во Старата Чаршија во сабота (31-ви март) и недела (1-ви aприл) од 12 до 20 часот.



Соработката меѓу Лудус и младите македонски дизајнери продолжува и понатаму и овојпат добива нова форма. Предизвикот да се привлечат и изненадат клиентите, ги натера организаторите да ја искористат Скопската стара чаршија како популарно и посетено место за приближување на нашиот моден дизајнерски производ до публиката по навистина достапни цени. Ќе бидат понудени над 100 парчиња облека, накит и додатоци чии цени ќе се движат до 3000 денари.

Барот Дамар, инаку познат по добрите забави и одличната современа музика, овој викенд ќе биде трансформиран во моден галерски простор и пренаменет за продажба на македонската мода. Секако, како дополнување на настанот нема да изостанат невообичаени пијалаци и добaр музички избор.

Ве покануваме да се почестите дизајнерско парче во нов и несекојдневен амбиент!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *