Top

Кларинетистот Исмаил Лумановски и пијанистката Ивана Ристова со концерт во “Carnegie Hall”

Овој петок со почеток во 20 часот, Њујорк ќе биде обележан со боите на македонското знаме преку звуците на музиката во престижната “Carnegie Hall”. На истата сцена каде што зачекориле најголемите музички имиња од класичната, џез и светска музика, оваа вечер нашите млади виртуози Исмаил Лумановски и Ивана Ристова ќе се претстават со целовечерен рецитал.

На концертот ќе бидат изведени сонатата за кларинет и пијано – Poulenc, “Цигански напеви” од Sarasate, Чардаш од Монти и “Четирите сувенири” на американскиот композитор Paul Schoenfield. Во дел од програмата пијанистката Ристова ќе настапи соло со дела од Шопен и Лист. Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот познат кларинетист Васко Дуковски со кој ќе ја изведат “Hameum” на Анте Гргин.



Лумановски дипломирал и магистрирал во класата на професорот Charles Neidich во реномираната “The Juilliard School” во Њујорк. Основач е на светски познатиот бенд “New York Gypsy All Stars” со кој настапува низ целиот свет и е член на триото “Grneta Ensemble”. Овој концерт е трет негов настап со Ристова оваа сезона, а нивната соработка продолжува и понатаму со заедничка турнеа низ Америка и Европа. Пијанистката Ристова е добитник на 15 меѓународни награди низ светот и моментално е студент на познатиот светски пијанист Emanuel Ax.

Концертот на Исмаил Лумановски и Ивана Ристова во “Carnegie Hall” е спонзориран од познатата фармацевтска компанија Jonson & Jonson и е во организација на продуцентската куќа GMB Music.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *