“И оваа година заради големиот интерес цените ќе бидат намалени од 50 – 80%, односно книгите од оваа едиција наместо 499 денари, ќе се продаваат по 200 денари од примерок.” – велат од “Ѓурѓа”.
Едицијата AMOR MAGNUS ви ги претставува безвремените книжевни и научни ремек – дела во кои на импресивен начин се насликани сите лица на љубовта.
Нежна и опасна, реална и волшебна, љубовта е и болест и лек. Таа останува сеприсутна магија која нѐ прави она што сме – луѓе!
Првото коло е во печат, а во него ќе излезат насловите:
1. ДЕВИЈАНТНА ЉУБОВ – Сигмунд ФРОЈД,
2. ДЕВИЦАТА И ЦИГАНИНОТ – Дејвид Х. ЛОРЕНС,
3. ИНТЕРМЕЦО – Томас ХАРДИ,
4. ЗА ЉУБОВНИЦИТЕ, ТИГРИЦИТЕ И ДРУГИОТ ПЛЕН – Џакомо КАЗАНОВА,
5. ДЕТИНЕСТО, НО МНОГУ ПРИРОДНО – Кетрин МЕНСФИЛД,
6. ЗАБРАНЕТИ ЗАДОВОЛСТВА – АБЕЛАР И ЕЛОИЗА,
7. ДНЕВНИКОТ НА ЗАВОДНИКОТ – Сорен КЈЕРКЕГОР,
8. СВЕТОТ НА СЕКСОТ – Хенри МИЛЕР,
9. ГЕРТРУДА – Херман ХЕСЕ,
10. КРОЈЦЕРОВАТА СОНАТА – Лав ТОЛСТОЈ.
Од печат излезе ГЕРТРУДА – Херман ХЕСЕ.
Според Херман ХЕСЕ (1877 – 1962), она што вистински го сакаме, можеме и да го постигнеме. Така, младиот Кун детската љубов кон музиката ја претвора во своја професија, па музиката му станува верна придружничка во текот на целиот негов живот. Но, за жал, тој нема толку среќа и во љубовта. Жената којашто ја сака се мажи за неговиот најдобар пријател… Сепак, и по сите животни трагедии, таа за него останува најубавата песна која одекнува чисто и гласно во неговите сништа.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!