Посветеноста на Bel&Bel кон повторна употреба, адаптација и трансформација на средства и желбата да се создадат уникатни и атрактивни парчиња доведоа до создавање на овој прототип кој годинава започна и со ограничена серија на производство. Браќата Jesús Bel Vilarnau и Carles Bel Domènech, како и нивните соработници David López Díaz и Sergi Martínez Andreu се креаторите на “Zero scooter”. Тие за себе велат дека се млади, креативни и современи уметници кои ја ценат и живеат за уметноста. Нивната мотивација за работа со отпад е рециклирање, односно создавање нов „возбудлив живот“ на бескорисните предмети. Скутерот кој тие го дизајнирале може да развие брзина до 20км/ч, а максимално оптоварување 180кг, има 2 тркала, фар и најнова електронска Segway технологија која овозможува рамнотежа.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!