Модерен дом од 188m2 е токму ова Скандинавско поткровје кое од своите 2 тераси овозможува магичен поглед на Стокхолм и неазборавните зајдисонца. Се карактеризира со богата природна светлина и чувство на голем простор. Кујната, дневната и трпезаријата се организирани како отворен простор што поттикнува дружење. Во централната точка на дневната соба има современ камин кој само ја дополнува атмосферата во текот на студените шведски ноќи. Со комбинација на минималистичка палета на сиви нијанси и бела боја, дизајнерите успеале да создадат чувство на свежина и голем простор, а дрвените подови само го дополнуваат чувството на топлина.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!