Гледајќи го овој неверојатен дом во Остерлен, Шведска, сè што можеме да помислиме е колку неверојатен и свеж простор има. Првично, шталата е изградена во 1901-ва година. Откако долго време била напуштена, архитектот Џонатан Андерсон ја вратил во живот и ја трансфoрмирал во прекрасен и модерен дом. Внатрешниот простор е 390 метри квадратни и има облик на буква Л (на латиница). Каминот во дневната соба му ава на домот топол и пријатен изглед. Дизајнот на ентериерот е комбинација на модерен минимализам и рустикален шарм, при што белата боја е главната боја која се користи во сите простории. Полираните бетонски подови и испакнатите дрвени греди ги дополнуваат белите ѕидови и ги прават просториите едностави, а во исто време и префинети, со рустикален стил. И покрај тоа што доминира белата боја, сепак домот воопшто не изгледа ладно и празно.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!