Денес ви презентираме интересна идеја за креирање на мала зен-градина со кактуси, која ќе даде дополнителен шарм на вашата соба за дневен престој.
За креирање на оваа мини зен-градина потребни ви се: кактуси со различни форми (а, ги има повеќе од 1.650 видови), хумус, стаклен сад и декоративни камчиња.
Во продолжение кус туторијал за реализација на овој проект, за кој ќе ви се потребни само 20-тина минути и доза на креативност.

ЧЕКОР 1: Обезбедете неколку кактуси, стаклен сад, хумус и камчиња

ЧЕКОР 2: Ставете ги камчињата на дното од садот

ЧЕКОР 3: Нанесете доволна количина на хумус во кој ќе ги засадите кактусите

ЧЕКОР 4: Заседете ги кактусите, но бидете особено внимателни со боцките

ЧЕКОР 5: Завршете со декоративни камчиња за подобар естетски ефект

Финалниот изглед на мини-зен градината
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!