Ramon Esteve Estudio се главните „виновници“ за оваа куќа со неверојатен поглед, која лежи на врв на рид. Фасадата е заштитена со автоматски систем за прилагодување на ролетните, што ја заштитува истата од сонце, а истовремено го ограничува погледот од улицата. Конкретните вертикални површини се затворени со големите стаклени прозорци, украсени со завеси кои даваат медитерански лик. Бетонските ѕидови во внатрешноста создаваат слика на уште поголем простор. Во подрумскиот простор, покрај паркингот, има неколку спални за гости и затворен базен со сауна. Погледот од терасите е она што го запира здивот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!