Архитектите од студиото „RU.LЕЅ“ изработиле одлично решение за поткровје кое во целост ги задоволува потребите на една млада љубовна двојка. Тие концепирале модерно уреден стан со примена на мебел со минималистички дизајн, со цел да се постигне удобно сместување, чисти линии и комфор. Бидејќи се работи за релативно мало поткровје, најзастапени се светлите бои кои обезбедуваат визуелно поголем простор. Сепак, вистински контраст е постигнат со конструкцијата за скалите и плафонските светла кои се во црна боја.
Вистинско освежување претставува малиот мозаик од шарени плочки во делот на кујната, како и амбиенталното светло во сина боја.
Ова убаво поткровје се наоѓа во Братислава, Словачка.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!