Дизајниран од Eugene Meshcheruk, овој мал светол стан е трансформиран за една млада фамилија и се наоѓа во Украина. Првиот чекор во редизајнирање на овој дом е да се отвори просторот на живеење на колку што е можно повеќе. Новата фокусна точка е суптилна поделба на кујната и дневната соба со т.н. ѕид изграден од панели од иверица. Дрвени плочите, штици и тули се со различни текстури и бои, а бледо жолтата база создава пријатна атмосфера. Истата топлина се пренесува и во спалната соба, каде има бела транспарентна завеса која создава интимна атмосфера помеѓу креветот и малиот работен простор.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!