Туристичкиот локалитет Омиш во Хрватска е збогатен со уште еден ултра-луксузен хотел. Неодамна беше отворен хотелот „Damianii“ кој нуди супер-луксузно сместување со 5 ѕвездички. Хотелот располага со 12 индивидуално дизајнирани апартмани, а во секоја од нив се користени 4 основни бои – црна, бела, златна и сребрена. Луксузот го надополнува големиот базен под отворено небо обиколен со високи палми, со поглед кон Јадранското Море. Зад проектот на овој објект стои архитектонското биро „Geci“, а реализацијата траела 4 години.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!