Top

Белата таванска просторија во Лондон

Craft Design Co се креаторите на оваа мала мансарда, која се наоѓа во Лондон. Поради доминација на белата боја изгледа чисто и нежно. Дизајнерите одлучиле да го направат просторот отворен, а со тоа визуелно многу поголем.  Мебелот во мансардата е позициониран на две нивоа, а најдолгиот ѕид е исполнет со полици на кои се поставени книги, украси и телевизор. Oд едната страна на ѕидот се поставени елементите на кујната, а од другата страна покрај полиците се поставени и скалилата кои водат кон спалната. Кујната е мала, но дизајнираните столчиња ја прават уникатна и интересна. Креветот кој се наоѓа на горниот дел од коцката поставена во оваа мансарда, го задржува чувството на отвореност на просторот.

mansarda6

mansarda8

mansarda7

mansarda4

mansarda2

mansarda3

mansarda5

mansarda1

mansarda




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *