Дводневниот настан ќе се одржи во барот Дамар во Старата Чаршија во сабота (31-ви март) и недела (1-ви aприл) од 12 до 20 часот.

Соработката меѓу Лудус и младите македонски дизајнери продолжува и понатаму и овојпат добива нова форма. Предизвикот да се привлечат и изненадат клиентите, ги натера организаторите да ја искористат Скопската стара чаршија како популарно и посетено место за приближување на нашиот моден дизајнерски производ до публиката по навистина достапни цени. Ќе бидат понудени над 100 парчиња облека, накит и додатоци чии цени ќе се движат до 3000 денари.
Барот Дамар, инаку познат по добрите забави и одличната современа музика, овој викенд ќе биде трансформиран во моден галерски простор и пренаменет за продажба на македонската мода. Секако, како дополнување на настанот нема да изостанат невообичаени пијалаци и добaр музички избор.
Ве покануваме да се почестите дизајнерско парче во нов и несекојдневен амбиент!
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!