Top
rakija

Зошто е добро да се пие една чашка ракија на ден?

Овој домашен пијалак го намалува ризикот од мозочен и срцев удар. Консумирање на ракија може да донесе и неколку здравствени предности – секако ако не се претерува со количеството.

Го продолжува животниот век
Прекумерна количина на ракија или било кој друг алкохолен пијалок, дефинитивно ќе ви го скрати животниот век, но умерената количина може да ви го продолжи. Тоа е така поради тоа што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главните причинители за стареењето.

Ослободува од стрес
Ако ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем, така што ве опушта. Само доколку ја пиете во умерени количини.

Го намалува ризикот од мозочниот и срцевиот удар
Одлична работа кај ракијата е таа што го спречува наталожувањето на холестеролот во вашиот кардиоваскуларен систем и на тој начин помага да се намали количината на холестеролот. А сето тоа драстично ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.

Помага во превенција од настинка
Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи како одличен сируп за кашлање. Исто така алкохолот помага да се елиминираат бактериите од грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее
Еве одличен аргумент – за разлика од газираните, па дури и од некои „природни сокови“, ракијата е алкохол со мал број на калории. Со пиење на ракија го намалувате холестеролот во крвта и не се дебелеете.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>