Top
Smokvi

Зошто да јадете смокви секој ден?

Смоквите го зајакнуваат и одржуваат здравјето и ги отстрануваат брчките. Бидејќи моментално е сезона на смокви, прочитајте кои се седумте лековити дејства кои ги имаат тие.

БОГАТИ СЕ СО КАЛИУМ, КАЛЦИУМ, ЖЕЛЕЗО, ФОСФОР, БАКАР, ВИТАМИН Б6, Ц И БЕТА-КАРОТЕН
Смоквите содржат мала количина масти, а голема количина растителни влакна. Тоа е една од причините поради кои смоквите се препорачуваат секој ден. Пектинот е растително влакно кое се разградува и го намалува холестеролот во крвта, а триптофанот позитивно влијае на циркулацијата и несоницата.

ГОЛЕМА КОЛИЧИНА МАГНЕЗИУМ
Магнезиумот е еден од основните елементи кои го штитат нервниот систем од стрес. Освен тоа, тој е многу важен за коските, имунитетот, здравјето на мозокот и нервниот систем. Позитивно влијаат на целокупното здравје и виталноста, лекуваат многу болести и го успоруваат процесот на стареење. Сувите смокви содржат три пати повеќе магнезиум отколку свежите.

ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ПРИРОДНИ ШЕЌЕРИ
Природните шеќери придонесуваат побрза работа на мозокот и подобро примање на информации. Но, дијабетичарите треба да бидат претпазливи бидејќи сувите смокви содржат двојно повеќе шеќери отколку свежите.

ИЗВОР НА ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ
Сувите смокви се одличен извор на бројни хранливи материи. Освен тоа, изобилуваат со хранливи вредности кои се одлични за спортистите, особено ако се комбинираат со јаткасти плодови. Чајот од смоква лекува болести на црниот дроб, грлото, респираторниот тракт, жолката и мочниот меур.

СОДРЖАТ 80% ВОДА И 60% ПРИРОДНИ ШЕЌЕРИ
Поради високото ниво на вода и природни шеќери, смоквите се природен „чистач“ на организмот. Слаткиот вкус на смоквата и големата количина на вода одлично се согласуваат и со солен вкус, како на пример овчо или козјо сирење.

СОДРЖАТ РАСТИТЕЛНИ СТЕРОЛИ
Растителните стероли имаат корисни ефекти врз нивото на холестерол во крвта. Тие се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и со тоа ја спречуваат неговата апсорпција.

АНТИКАНЦЕРОГЕНО ДЕЈСТВО
Смоквите содржат бензалдехид и кумарин, кои успешно се користат во терапијата против рак на простата и рак на кожа.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>