Top
praski

Зошто да јадете праски?

Праската е богата со хранливи материи, кои имаат регенерирачки ефект. Освен тоа, последните научни истражувања покажуваат дека праската може да ја зголеми плодноста кај мажите. Ова е само уште една во низата на добри особини што ова овошје го има врз човечкиот организам.

Слатките и сочни праски ефикасно го намалуваат зголемениот крвен притисок. Покрај тоа, корисни се за зачувување на добриот вид, меката и еластична кожа. Посебно се препорачуваат за децата, бидејќи витаминот Б2, со кој се богати, е одговорен за правилниот раст и развој. Освен тоа, праската го подобрува  варењето на тешката и мрсна храна, бидејќи го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и ја спречуваат мачнината и гадењето. Праската има и силен диуретски ефект, го чисти организмот, а исто така и терапевтски дејствува во случај на канцер. Изобилува со антиоксиданси, од кои најмногу содржи бета-каротин, витамин Ц и селен. Поволно делува на функционирањето на имунолошкиот систем, работата на штитните жлезди и заштитата на срцето. Помага во случај на депресија, умор и нервоза. Го редуцира количеството на штетни соединенија кои предизвикуваат појава на ревматски заболувања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>