Top
Woman takes watermelon. Concept of healthy and dieting food

Корисни страни на лубеницата

Постојат многу причини кои ќе ве натерат секојдневно да јадете лубеница. Меѓу нив се и следните неколку.

Витамин Ц
Едно парче лубеница ви нуди дури 25% од дневните потреби за витамин Ц. Тој е важен за вашето здравје, помага при апсорбирањето на железото, но и при заздравување на раните.

Подобрен имунолошки систем
Лубеницата има витамин А, кој игра важна улога во здравјето на очите, растот на косата. Витаминот А е од големо значење и за многу други функции, вклучувајќи го и регулирањето на имунолошкиот систем. Едно парче ви нуди дури 30% од дневните потреби.

Слабеење на здрав начин
Ако сакате да го намалите ризикот од дебелеење, имајте на ум дека едно парче луненица има само 40 калории. Вкусно овошје со ниска калорична вредност, но богато со хранливи материи!

Го чува срцето
Истражувањата покажалед ека луѓето кои јадат најмалку три оброци овошје и зеленчук дневно, помалку се подлежни на смрт од мозочен удар, болести на срцето и други срцеви болести, за разлика од луѓето кои јадат само една порција дневно.

Природен внес на вода
Една чаша изрежани коцкички лубеница содржи околу 90% вода. Оваа течност се смета за најдобар извор на течности за вашиот организам.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>