Top

Зошто да јадете костени?

Несомнено е дека ретко кој може да одолее на мирисот на печени костени. Овие есенски плодови се богати со витамин Ц, а содржат малку масти, па поради тоа се препорачува нивно секојдневно консумирање. Во продолжение прочитајте неколку причини поради кои овој плод треба да го вклучите во секојдневното мени на исхрана.

БОГАТИ СЕ СО ВИТАМИН Ц
Големата количина витамин Ц и малата количина масти е она што го прави овој плод препорачлив за консумирање. Костенот содржи помалку од 70 калории во 30g, што го прави идеална храна за оние кои сакаат да изгубат дел од телесната тежина.

ИЗОБИЛСТВО НА ФОЛАТИ
Костените изобилуваат со фолати, поточно витамин Б9, кој обично се наоѓа во лиснат зеленчук. Овој витамин е одговорен за создавање на црвените крвни зрнца и синтезата на ДНК.

ИЗВОР НА РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
Овој есенски плод помага во намалување на нивото на холестерол во крвта. 85g костени ја задоволуваат дневната потреба на витамини и минерали. Со јадењето костени внесувате магнезиум и фосфор кои се важни за коските, како и калиум кој ги регулира: нивото на натриум, отчукувањата на срцето и крвниот притисок.

НЕ СОДРЖАТ ГЛУТЕН
Костенот не содржи глутен. Во неговиот состав највисок процент зазема скробот, што го прави сроден на пченка или компир.

ДИВИОТ КОСТЕН ИМА ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Дивите костени не се јадат, но имаат голем број на лековити својства. Чајот од костен успешно ги ублажува симптомите на астма и бронхити. Како главна состојка во кремите, идеални се лекување на проширени вени, како и во борбата против целулит.




1 Коментар

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *