Top

Читањето книги смирува

Секој од нас има омилен начин на уживање и опуштање. Но, многу истражувања покажуваат дека читањето книги е одличен начин за релаксација, дури и подобар од слушање музика, пиење кафе или прошетка.

Читањето убава книга смирува уште во 6-тата минута, што резултира со намалување на нивото на стрес, срцеви отчукувања и напнатоста во мускулите. Причината за ова психолозите ја бараат во моментот кога мозокот се концентрира на читањето и „плови“ во некој друг свет кој делува погодно на срцето. Во секојдневието секој од нас посакал барем на кратко да побегне од реалноста, а читањето книги го овозможува токму тоа, бегство во некој имагинарен свет. По читањето, вториот најефикасен начин за опуштање е слушање музика, пиење кафе или чај, а на четвртото место е прошетката. Стресот го намалуваат и видео-игрите, но тие за разлика сите претходни методи ја забрзуваат работата на срцето.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>