Top
Suvo-grozje-iLike-mk

Зошто да јадете суво грозје?

Сувото грозје се употребува како додаток во многу десерти, меѓу кои се вбројува и Божиќниот колач кој е еден од најомилените во текот на празниците. Нутриционистите ја препорачуваат неговата консумација заради тоа што претставува нискокалоричен енергетски оброк. Достапно е во текот на целата година и вообичаено не се расипува. Во многубројни записи стои дека уште во Стар Рим било користено како средство за плаќање, а го консумирале во Персија и Египет.

Поради изобилството на фенол ги штити клетките од оштетување и прерано стареење. Има позитивно влијание врз видот, па се препорачува оние кои имаат послаб вид да го консумираат секој ден. Фитохемикалиите кои ги има во сувото грозје го спречуваат растот на бактериите, бидејќи тие се причинители на кариесот и болестите на непцата. Содржи фруктоза и гликоза и затоа при подготовка на оброк со житарки и јогурт, можете да додадете 2-3 лажички суво грозје. На оброкот ќе му даде посебен вкус и нема опасност од внес на дополнителни калории.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>