Top
brokula_kompir

Здрави намирници против анемија

Анемијата, односно недостатокот на железо во крвта преизвикува умор и ја намалува продуктивноста, лошо влијае на целокупното здравје, му штети на срцето. Голем број луѓе во светот имаат проблем со анемијата. За да се справите со овој проблем, треба да вклучите во исхраната одредени продукти.

Кафеав ориз
Богат е со влакна кои помагаат во исфрлањето на токсините од организмот, додека железото од оризот се бори против анемијата.

Овесна каша
Таа е супер избор за оние кои патат од недостаток на железо. Започнете го денот со хранлив оброк кој ќе го подобри вашето здравје.

Компир
Содржи висок процент на железо, поради што исто така задолжително треба да го вклучите во исхраната.

Брокула
Брокулата е богата со железо, што е доволна причина да јадете барем една до две порции од овој здрав зеленчук неделно.

Јагоди
Освен што се богати со железо, содржат и витамин Ц кој му помага на телото да го апсорбира железото.

Спанаќ
Исто како јагодите, така и спанаќот содржи железо и витамин Ц, поради што задолжително треба да се најде на вашето мени.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>