Top
kontracepcija

За или против контрацепција?

Многу од жените се плашат да користат пилули за контрацепција, бидејќи се плашат од рак, качување на вишок на килограми и особено неплодност.

Мит: „Ќе добијам вишок килограми“
Многу од жените мислат дека контрацептивните пилули ќе ги здебелат, но не е така. Самите пилули имаат 0 калории, а единствено што може да се случи е да почнете да ги задржувате течностите, па да накачите пола до еден килограм.

Мит: „Можам да добијам рак“
Оралните контрацептиви се единствен начин да ги намалите шансите за добивање на рак на матката и јајниците. Единствена маана е што во мал број случаи, анти-беби пилулите можат тајно да го забрзаат ракот на дојката.

Мит: „Од пилулите ќе станам пониска“
За девојките во пубертет не е препорачливо да ги земаат овие пилули, затоа што естрогенот влијае на коските на два начина: ги ојачува и го успорува нивниот раст. Тоа значи, ако прерано почнете да користите орална контрацепција, може да се случи да не ја достигнете својата целосна висина.

Мит: „Пилулата мора да се зема секој ден во исто време“
Тоа нема да ги направи поефективни, а важи само ако земате многу мали дози, или ако користите „мини-пил“ во кои има само прогестерон. За најголемиот дел од жените, ова е непотребно, затоа што главно се користат пилули кои содржат и естроген и прогестерон.

Мит: „Ако долго ги користам, ќе станам неплодна“
Пилулите не се бомби кои ја напаѓаат вашата матка и ја уништуваат. Ако решите да престанете со земањето, можете да затруднете во рок од само неколку дена. Плодноста не се менува со земањето на орална контрацепција, ни најмалку.

Кој не смее да користи контрацепција?
Оние кои имаат пореметувања на коагулацијата на крвта, ризикуваат згрутчување во нозете, белите дробови, па дури и мозочен удар. Исто така, не се препорачува за луѓе со одредени видови мигрена, особено ако мигрената се манифестира паралелно со тешки проблеми со видот.

Така, пилулата е совршен начин да го исконтролирате циклусот, да спречите несакана бременост, но и да ги намалите менструалните болки. Се разбира, не треба да ги земате на своја рака. Ако веќе решите да ги земате, посетете го гинекологот, а тој најдобро ќе ве советува кои пилули и дали да ги земате.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>