Top
Headache-Small-iLike-mk

Природен лек против главоболка

Главоболката е составен дел на модерното секојдневие на човекот, а е предизвикана од стрес, замор, преоптеретеност на организмот. Оваа незгодна болка ја намалува концентрацијата, предизвикува раздразливост и омалаксаност. Со оглед на тоа дека главоболката е показател за стрес, напнатост, грип, настинка и воспаление на синуси, истата се третира како симтом, а не како болест. За да се намали неиздржливиот притисок во главата, најчесто се посегнува по таблета.

Токму главната состојка на таблетите за главоболка, салицин, која ги намалува болките се наоѓа во бадемите. 10-тина бадеми имаат и посилно дејство од еден аспирин, а непосакувани реакции од нив нема.

Денес, многу почесто од порано, лекот за главоболка се бара во алтернативни извори како медитација, пиење вода и јадење одредена храна. 10-тина бадеми имаат речиси идентично дејство како и една таблета за главоболка. Салицинот е против-воспалителна активна супстанца која бадемите ја содржат во голема количина, а бидејќи брзо ја отстрануваат болката, многумина ги нарекуваат „природен аспирин“. Освен тоа, бадемите содржат и голема количина магнезиум, кој е важен за подобар проток на кислородот во организмот, што помага во опуштање на мускулите и намалување на раздразливоста.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>