Top
Pcenica

Придобивки од варена пченица

Варената пченица е чист извор на витамин Б, а тоа покажува дека е многу важна за зајакнување на имунитетот.

Употребата на интегрална пченица во исхраната е корисна и има корисен ефект врз целиот систем на една личност. Конзумирањето на варена пченица на редовна основа може да има превентивен ефект врз одредени здравствени состојби, како што се опстипација, хемороиди и рак на дебелото црево. Зрното пченица е богато со бета каротен, витамин Е, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Пченицата има поголем процент на протеини од сите други житарки.

Во 100g неварена пченица има 351 калории, 13g протеини, 2,5g масти и 70g јаглехидрати. Мастите се наоѓаат во никулците на пченицата, додека минералните компоненти го формираат обвивката на самото зрно. Затоа најдобар и најкорисен начин е да се консумира целото жито, односно целото зрно.

Превенција на рак
Варената пченица содржи лигнани, фитонутриенти кои имаат антиканцерогено дејство, а научните истражувања покажуваат дека тоа особено важи за ракот на дојката. Една студија покажа дека консумирањето на мала количина интегрални пченични трици дневно може да ја намали концентрацијата на жолчни киселини и бактерии во столицата, за кои се смета дека предизвикуваат рак на дебелото црево.

Регулирање на телесната тежина
Употребата на интегрална варена пченица може да помогне во регулирањето и одржувањето на телесната тежина, бидејќи спречува појава на метаболички синдром на таложење маснотии во пределот на желудникот, а во исто време обезбедува оптимална количина на добар холестерол, триглицериди и го одржува крвниот притисок.

Третман на хронично воспаление
Варената пченица е богата со бетаин, корисна состојка која игра важна улога во ублажувањето на хроничните воспалителни процеси.

Природен лаксатив
Целата пченица, особено триците, делува како природен лаксатив, бидејќи се богати со влакна, фосфор и витамини од групата Б.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>