Top
cinija-zdravje

Плодови кои имаат повеќе витамин Ц од портокалот

Кога ви е потребен природен извор на витамин Ц, најчесто посегнувате по портокал. Овој цитрусен плод навистина е одличен извор на витамин Ц (53mg во 100g) што го зајакнува имунитетот на телото и помага да се борите против сезонските настинки. Но, во природата има плодови кои го содржат овој витамин во многу поголема количина.

Црвена и жолта пиперка
Стотина грама црвена или жолта пиперка содржи 190mg витамин Ц, што е речиси двојно поголема количина од онаа која ја има зелената пиперка или 4 пати повеќе од портокал.

Брокула
Во 100g брокула има 90mg витамин Ц, што е доволна причина да се најде во вашата секојдневна исхрана.

Кељ
Свежите листови кељ се вистински извор на здравје. Во стотина грама кељ има околу 120mg витамин Ц, но и витамини А и К, како и многу растителни влакна.

Киви
Ова зелено овошје задолжително вклучете го во својата исхрана бидејќи 100g киви, содржат околу 90mg витамин Ц.

Карфиол
Овој зеленчук може да го јадете свеж или варен, а 100g од него содржат приближно 70mg од овој витамин.

Папаја
Ова егзотично овошје е одличен извор на растителни влакна, витамин А и витамин Ц (60mg во 100g)




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>