Top
bademi,lesnici,-orevi

Нешта кои ќе ви помогнат да не чувствувате глад

Намалувањето на телесната тежина бара одрекување од храна која ни додава килограми, умерена исхрана и вежби. Диетите и режимот на исхрана бараат дисциплинираност. Кога не можете да издржите и чувствувате глад помеѓу два препорачани оброка, консумирајте ги овие намирници кои ќе ви помогнат да не чувствувате глад.

Кисели краставички
Кога час пред оброк чувствувате неопислива желба за храна, изедете 2-3 кисели краставички. Тие го намалуваат нивото на шеќер во крвта и со самото чувство го гаснат чувството на глад.

Бадеми, лешници и ореви
Веќе знаете дека јаткастите плодови треба секојдневно да ги консумирате. Во комбинација со суво грозје, суви смокви или суви сливи можете да ги консумирате меѓу два оброка.

Минерална вода наместо газирани сокови
Газираните сокови имаат моќ да ја убијат гладта, но тие се калорични и нема да ви помогнат многу ако сте на диета. Затоа заменете ги со минерална вода која е нискокалорична, ќе ве засити и заштити од непотребни калории.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>