Top
mleko

Напитоци за мирен сон и намалување на килограми

Пиењето на пијалоците кои содржат кофеин и големи количини шеќер пред спиење можат да доведат до несоница. Напитоците се пијат навечер, пред спиење бидејќи нивните хранливи состојки го припремаат организмот за одмор, го опуштаат телото, а особено добро влијаат на намалувањето на килограмите. Но, постојат напитоци кои имаат сосема спротивен ефект, освен што можат да го подобрат сонот, го регулираат нивото на шеќерот во крвта и го забрзуваат согорувањето на мастите во телото.

Немирен, плиток и испрекинат сон има силно влијание на состојбата на нашиот организам. Ненаспаноста е тесно поврзано со дебелеењето и зголемена потреба за јадење, хормонските промени, лошото расположение, а и зголемувањето на нивото на шеќерот во крвта. Освен стрес и болест, на сонот влијаат и нашите секојдневно навики во исхраната, особено храната и пијалакот кој го конзумираме пред одење на спиење. И додека некои пијалаци не одржуваат будни и никако не се препорачливи пред спиење, другите имаат сосема спротивен учинок. Освен што можат да ни го подобрат сонот, ги зајакнуваат мускулите, го регулираат нивото на шеќерот во крвта, и го забрзуваат согорувањето на мастите.

Млеко
Млекото отсекогаш се користело како вид на „лек“ за спиење. Освен на деца, чаша млеко има влијание и на возрасните. Помага брзо да заспиете и да спиете подобро, а подобар сон значи и помала желба за храна. Исто така, на жените кои се физички активни добро ќе им дојдат протеините од млекото кои бавно се разградуваат и така ги „хранат“ мускулите, а не масното ткиво. Резултатот е: побрз метаболизам и полесено губење на мрсното ткиво.

Чај од камилица
Шолја топол чај од камилица пред спиење делува како средство за смирување. Овој вкусен напиток поттикнува создавање на глицин – невротрансмитер кој го опушта нервниот систем и делува како благ седатив. Освен тоа, чајот од камилица пред спиење ја регулира и телесната температура и така ни помага побрзо да заспиеме, го регулира и нивото на шеќерот во крвта, што е клучно ако сакате да ослабите. Резултатот е: опуштено тело, мирен дух и брз метаболизам.

Сок од грејпфрут
Овошните сокови не се препорачливи да се пијат пред спиење, но сокот од грејпфрут навистина е исклучок. Само 100ml природен сок од грејп може да ви помогне и во текот на ноќта да ја согорувате маста од телото. Овој напиток го регулира биолошкиот дневен ритам, а антиоксидансите од грејпот белата маст која ги собира калориите ги претвора во смеѓа маст која ги троши калориите. Резултатот е: зголемено чувство на енергија, зголемено трошење на енергија, намалување на мрсно ткиво.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>