Top

Намалете ја тежината со помош на појадокот

Иако многумина не обрнуваат внимание на појадокот, сепак треба да се знае дека тој е многу важен оброк за здравјето. Многу е важно на телото да му ја дадете енергијата која му е потребна. Добриот појадок ќе ве одржи сити подолго време. Затоа, колку и да брзате наутро, не го прескокнувајте овој оброк.

Појадокот е најбрз начин за забрзување на работата на метаболизмот. Тој го надополнува нивото на гликоза во телото, која е извор на енергија и исчезнува кога телото ќе ги исцрпи сите јаглехидрати. Во текот на спиењето, нивото на гликоза нагло опаѓа, а откако ќе се случи тоа телото ослободува гликоген во мускулите и црнот дроб, како би се зголемило нивото на гликоза. Потоа, почнуваат да се разградуваат мастите и се создава енергија. Без јаглехидрати, мастите само делумно оксидираат, што може да предизвика намалување на нивото на енергија.

По 12 часа спиење, кога нормално не се внесува храна, телото се наоѓа во фаза на глад. Со прескокнување на појадокот, телото останува во таа фаза. Појадокот пак, го забрзува метаболизмот и ја прекинува таа фаза. Ако се обидувате да изгубите некој килограм, во никој случај не смеете да го пропуштите појадокот.

Во појадокот вклучете здрава храна која изобилува со железо, витамини и растителни влакна. Основните витамини и минерали може да ги надоместите само преку храна. Со појадокот ќе ја намалите гладта која би се појавила во текот на денот и на тој начин ќе успеете да ја избегнете висококалоричната храна која би ја јаделе на работа.

Здравиот појадок треба да е составен од разновидна храна. Затоа, дозволете си чинија со сложени јаглехидрати, протеини и растителни влакна. На утринското мени може да се најде: jajца, овошје, житарки со обезмастено млеко, бадеми, сончоглед, семки, но и свежо цеден сок од портокал. Без оглед на тоа што ќе изберете од сето ова, појадокот на вашето тело и мозокот ќе им ја даде енергијата која им е потребна во текот на денот.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *