Во обидот да се донесе телото до совршена линија, настојуваме да бараме нешта кои ветуваат брзо и ефикасно губење на телесната тежина. Но, секогаш треба да внимаваме таа храна позитивно да влијае врз здравјето и кожата. Бидејќи сега ни доаѓа сезоната на костени, мандарини и тиква, убаво е да знаете дека овие прехранбени продукти, освен што гарантираат здравје, помагаат и во природното слабеење.

КОСТЕНИ
Кој би можел да одолее на мирисот на печени костени? Костените имаат малку маснотии, високо ниво на скроб и витамин Ц. Костените имаат висок енергетски капацитет бидејќи се богати со скроб, а тој претставува одличен сојузник на добрата линија.

МАНДАРИНИ
Мандарините се слични на портокалите, што значи дека се богати со витамин Ц и Б, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Ова слатко овошје ја хидрира кожата и ја прави сјајна, и може да се јаде во големи количества, рамномерно распоредени во текот на денот. Богатството на витамин Ц го поттикнува согорувањето на мастите и му помага на телото да произведе Л-карнитин, супстанца која го забрзува метаболизмот.

ТИКВА
Тиквата асоцира на есен и не залудно ја нарекуваат „есенска кралица“. 100g варена тиква содржи само 28 калории. Богата е со сложени јаглехидрати кои помагаат да се одржи стабилноста на шеќер во крвта, а посебно е богата со бета каротен, витамин Ц, Е и Б. Тиквата може да остане свежа дури и една година откако била набрана, а за сето тоа време хранливите вредности остануваат непроменети. Со цел да се зачуваат што повеќе хранливи вредности, се препорачува едноставно печење во рерна.

KАЛИНКА
Овој плод се издвојува како важен плод поради тоа што содржи антиоксиданси кои го заштитуваат организмот од слободните радикали. Освен тоа, калинките се полни со фолна киселина, витамини, растителни влакна, а истовремено содржат малку калории. Тие помагаат во слабеењето бидејќи ја намалуваат можноста за складирање на масти во телото. Најдобро е да се консумираат свежи, заедно со нивните семки.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!