Top

Најголемите лаги за дебелеењето

Диетата најчесто се поврзува со одредени правила во исхраната кои не треба да се прекршуваат. Многу од диетите вклучуваат пиење вода на празен стомак, избегнување јаглехидрати, јадење месо само еднаш неделно, избегнување банани и компири. Во продолжение прочитајте зошто не треба слепо да ги следите диетите.



БАНАНИТЕ ДЕБЕЛЕАТ
За бананите се вели дека дебелеат поради поголемиот број калории и јаглехидрати, што не е точно. Бананите содржат три природни шеќери: сахароза, гликоза и фруктоза, кои заедно со растителните влакна моментално го зголемуваат нивото на енергија. Токму поради тоа, бананите се омилено овошје на спортистите. Две банани обезбедуваат доволно енергија за 90-минутен тренинг.

ВЕЧЕРАТА ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВА
Според повеќето диети не треба да се јаде после 6 часот попладне. Износот на калории кои се внесуваат во текот на денот треба да биде пропорционален со потрошувачката. Доколку до вечерата сте јаделе само малку, тогаш можете да си дозволите хранлива вечера.

КОМПИРОТ Е НЕПРИЈАТЕЛ НА СЛАБЕЕЊТО
Компирот претставува скапоцен извор на јаглехидрати, скроб и вода која чини 75% од неговиот состав. Освен тоа, 100g компир содржи околу 10-15mg витамин Ц, витамин Б1, Б2 и витамин Е кој е присутен во неговата лушпа. Од минерали има магнезиум и тоа 25mg, а сето тоа ни дава 83 калории.

ВОДАТА ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ
Водата може да ги намали лажните сигнали на глад. Нашиот мозок испраќа погрешни сигнали, а во 80% од времето не сме гладни, туку жедни. После консумирање тежок и нездрав оброк, водата нема ефикасност. Таа го ослободува телото од токсини, но не и од килограми.

ПРОИЗВОДИ СО МАЛКУ МАСТИ ЈА НАМАЛУВААТ ТЕЖИНАТА
Бројните истражувања покажуваат дека луѓето кои се обидуваат да ја намалат својата телесна тежина ги избираат “light” варијантите од производите. Но, кога станува збор за калориската вредност, помеѓу стандардната и “light” варијанта постојат минимални разлики. Најчесто си дозволувате тие производи да ги консумираме во неограничени количини, а тоа е сосема погрешно. Решението е да бидете умерени и да консумирате природна храна, без индустриска обработка, која на телото ќе му ја даде потребната доза здравје.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *