Јапонското јаболко потекнува од Кина. Бојата на плодот варира од светло жолта до темно портокалова. Плодовите се разликуваат и по својата големина, односно може да тежат од 50-500g.

Кога не се зрели имаат горчлив вкус, но кога се зрели имаат сладок вкус како мед. Ова овошје изобилува со здрави хранливи материи, витамини, минерали и aнтиоксиданси. Во продолжение прочитајте неколку благотворни својства кои ги имаат јапонските јаболка.
МАЛКУ КАЛОРИИ
Јапонското јаболко има 70 калории во 100g. Освен тоа, претставува богат извор на растително влакна.
БОГАТИ СЕ СО АНТИОКСИДАНСИ
Овошјето изобилува со антиоксиданси кои спречуваат формирање на тумор. Освен тоа, има анти-воспалителни ефекти.
СОДРЖАТ ВИТАМИНИ И КАРОТЕНОИДИ
Свежите јапонски јаболка содржат витамин А, витамин Ц, бета-каротен, ликопен, лутеин/зеаксантин и бета криптоксантин. Сите овие соединенија играат важна улога против слободните радикали кои предизвикуваат стареење и болести. Зеаксантинот е каротеноид кој посебно се апсорбира во очите, a таму служи како антиоксиданс за филтрирање на светлината.
СОДРЖИ Б-КОМПЛЕКС
Овие витамини помагаат во различни метаболички функции во телото.
Свежите јапонски јаболка содржат и калиум, магнезиум и фосфор. Освен свежи, тие може да се јадат и суви, како додаток во салати, пудинзи и житни култури.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!